ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев од Брисел побара датум сега и веднаш, Македонија во исчекување
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019
Македонскиот премиер Зоран Заев на заедничка прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, изјави дека македонскиот народ е во големо исчекување.
Заев рече дека сега и веднаш ни треба одлука за почнување на преговори.
„Политички и институционално сме подготвени да ги почнеме преговорите“, рече тој.
Заев вели дека ако не ја добиеме заслужената позитивна одлука, ќе следи големо разочарување.
„Бидете наши херои“, се обрати Заев до европските лидери.
Еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека на македонските граѓани им требаат добри услови, земја каде ќе живеат и работат, без да одат надвор.
Хан рече дека работат на тоа, и тоа се однесува не само за Македонија,туку за сите други земји.
Додаде дека никој не е совршен, но мора да се работи.
Oдговорност ќе треба да се преземе, изјави на прес-конференција премиерот Зоран Заев за тоа што ќе се случи доколку Македонија утре во Брисел не добие датум за почеток на преговори со Европската Унија.Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева вели дека одложувањето на почетокот на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија ќе ја влоши и дестабилизира ситуацијата во регионот.
„Бугарија го поддржа почетокот на разговорите и доколку нивниот почеток биде одложен за март следната година, тоа ќе биде огромна грешка“, оцени Захариева, пренесува БГНЕС.
Весникот „Политико“ анализира под кои услови Франција може да го промени ставот во однос на датумот за преговори.
Франција ќе се премисли само кога ќе стане јасно што може да добие за возврат, пишува денеска угледниот весник „Политико“, цитирајќи извори дипломати кои беа присутни на вчерашниот министерски состанок во Луксебмруг.
Жестока расправија се случувала на состанокот. Франиција била единствената земја која била против Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ, што предизвикало револт кај сите останати земји членки.