20 Април, 2024
0.0286

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев ќе тужи за клевета - Прилеп доби четири еко-автобуси

Објавено во: Македонија 24 Август, 2019

Добивај вести на Viber

*(ВИДЕО) Заев: Лажни се сите наводи изнесени во новинарскиот текст кој ме инволвира во „Рекет“

Премиерот Зоран Заев, ја повика Јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот кој излезе во некои медиуми од земјава за случајот „Рекет“, и повторно категорично рече дека нема никаква поврзаност со Боки 13 и овој случај, а заради изнесните невистини во медиумите Заев најави тужби.

* Гасоводот Неготино-Битола напредува: Завршени над 70 проценти од градежните и машинските работи

Од предвидени 92 километра цевки за гасоводот Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола, поставени се цевки во должина од 83 километри од трасата, напролет се планира испитувања за пуштање во употреба на гасоводот. Овие поставени над 80 километри цевки од гасоводот претставуваат завршени над 70 проценти од градежните и машинските работи.

Премиерот Зоран Заев, денес при увидот на гасоводот во овој регион, истакна дека сите градежни и машински работи на гасовод треба да завршат во февруари следната година со што,  практично се исполнува планот за реализација на овој дел од големиот проект за гасификација на државата.

* Заев: Со новите еко автобуси ќе се намали загадувањето на воздухот во Прилеп

Прилепчани добија четири нови еко автобуси. Градските власти во присуство на Премиерот, Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески официјално ги  пушти во функција четирите нови автобуси на метан.

Оваа инвестиција од 60 милиони денари, го модернизира јавниот градски превоз, велат од општина Прилеп.

Премерот Заев, посочи дека оваа е сериозна инвестиција која овозможува еколошки транспорт и дека се испраќа порака од државата дека се грижи за еколошките вредности.

* Спасете го Амазон: Илјадници протести во Бразил и низ целиот свет

По острите меѓународни реакции, бразилскиот претседател дозволи армијата да се вклучи во гаснењето на големиот број пожари во Амазон. Сателитските податоци покажуваат дека оваа сезона тропските шумски пожари се зголемени за 85 проценти во однос на минатата година.  Илјадници протестираа во неколку градови во Бразил и на различни места низ целиот свет.
Со постери за помош и „Спаси го Амазон“ стотици луѓе излегоа на улиците на Сао Паоло и Бразил. Во знак на протест кон политиката на претседателот, која толерира расчистување на шумите за земјоделски цели.

* Словенија со највисока просечна плата во Регионот

Словенија има највисока просечна плата во Регинот. Платите во јавниот сектор во оваа европска земја се зголемиле за 4,5 проценти, додека во приватниот сектор се бележи зголемување на платите од 3,3 проценти.

Просечната плата во јуни годинава била 1.107, 96 евра, но во споредба со месец мај од тековната година е забележан благ пад на просечната нето плата од 0,8 отсто.

* Пендаровски: ЕУ интеграциите клучен фактор за стабилноста и демократијата на Регионот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денес во Охрид, се обрати  пред присутните учесници на работилницата на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: Импликации за земјите од Западен Балкан“ и истакна дека цел на нашата држава не е само да биде номинална, туку да биде членка која што ќе се грижи и за пошироките безбедносни предизвици.
„По поканата за членство во Алијансата земјата неспорно влезе во помирни води, но далеку сме од тоа да тврдиме дека предизвиците се зад нас. Тероризмот, верскиот екстремизам, нелегалната миграција, сајбер-нападите, хибридните војни нема да исчезнат. Свесни сме дека најефикасниот начин за справување со т.н. нетрадиционални безбедносни закани што се високо на агендата на НАТО, е заедничкото соочување со нив.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите