25 Април, 2024
0.0287

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев почна со „чистката“, Богоевски поднесе оставка

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска изјави дека како претседател на СДСМ донел одлука да ги разреши сите претседатели на општинските комитети на владеачката партија и да се спроведе изборен конкурс. Шефот на македонската Влада рече дека сите разрешени ќе имаат право да конкурираат, а тие што задоволиле ќе бидат одново избрани.

- Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, на сите претседатели на оние општински организации каде се победи на изборите. Апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс кој уште идната седмица ќе биде објавен во постапка, изјави Заев.

Ова е првата генерална „метла“ што ја најави Заев по претседателските избори, а во една прилика исто така спомена дека ќе има радикални промени во самиот СДСМ. Станува збор за вкупно 78 „обезглавени“ општински организации

Павле Богоевски поднесе оставка на функцијата пратеник на денешната комисија за мандатно-имунитетски прашања по скандалот со аудио-снимката за која тврдеше дека нарачувал масло од канабис.

„Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде мојот последен глас. Оваа одлука ја донесов кога се самопријавував во полицијата . Јас сум сторил незаконски акт. Мојата пратеничка функција не сакам да ја злоупотребувам во истрагата. Благодарам за честа да ви служам како пратеник. Оставката стапува по гласањето на пленарната седница за одземање на мандатот на Никола Груевски“, рече Богоевски

Премиерот Зоран Заев ја поздравува одлуката на пратеникот Павле Богоевски да поднесе оставка на функцијата и смета дека е храбра и во функција на понесување  одговорност за етички работи за кои граѓаните очекуваат политичарите да повлечат чекор во таа насока.

„Многу е важно секој од функционерите каква одговорност носи во делот на  неговото извршување на обврските пред граѓаните, пред институцијата и  државата. Секогаш кога одреден дел од неговиот приватен живот нема влијание врз извршувањето на работите сметам дека е добро и тоа го искоментирав. Но, тоа е негово право на лична и морална одлука и јас ја поздравувам оставката“, рече Заев.

Тој посочи дека Богоевски е одличен пратеник и еден од симболите на Шарената револуција, поради што, нагласи, ќе му биде задоволство да продолжи да работи со таков човек и во иднина.

Пратеникот Павле Богоевски кој денеска објави дека си поднесува оставка од пратеничката функција, попладнево преку Фејсбук порача дека му било чест изминативе две години да ѝ служи на државата.

„Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!, напиша Богоевски.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг