24 Април, 2024
0.0281

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев вети 50 отсто места за жените на листите, Мицкоски порача дека ќе ги засукаат ракавите

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев рече дека на следните изборни листи на СДСМ 50 отсто од кандидатите ќе бидат жени. 

„Ние сме предводници на концептот 50-50 на застапеност на жените во политиката, не како бројка, туку како суштина, како квалитет, кога ако не сега“, рече Заев. 

Тој ова го вети на трибината на Форумот на жени. Заев вели дека тие се предводници на овој концепт. 

Ќе имаме јасни стратешки партнерства со ЕУ, САД и НАТО, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 28. годишна конференција на УМС. 

Вели дека ќе работат за ЕУ, ќе работат за стандарди и принципи. 

„Да си ги признаеме слабостите за да можеме да одиме напред, а ниските страсти во политиката ќе ги оставиме на страна. Еден мој пријател од една западна земја членка на НАТО во една прилика ми рече „Имаме проблем со Зоран Заев. Ветува се живо на секаде и никому не вика не“. Од мене нема да чуете приказни дека на некого ќе му го омекнувам срцето само за да ни се погледа низ прсти, туку има да се засукаат ракавите и да се работи деноноќно“ – рече Мицкоски.

Поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска Цветанова, на социјaлните мрежи прашува што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? 

„Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија“,коментира таа

Македонскиот претседател Стево Пендаровски вели дека е подготвен за „вистински промени“, пишува францускиот весник „Ле монд“. 

Весникот претседателот го опишува како човек исполнет со надеж дека Европската Унија (ЕУ) сепак ќе ѝ подаде рака на нашата мала земја, но и убеден дека има цврсти аргументи.

„Навистина се чувствува горчина кај населението. Но, тоа не беше одлука на Емануел Макрон, туку на на Европскиот совет“, вели Пендаровски во интервјуто за весникот „Ле Монд“.

Пендаровски во интервјуто вели дека сите биле уверени дека ќе имаме привилегирани преговори поради решавањето на деценискиот спор за името со соседна Грција.

Macedonia is GReat е добар повод да се запали договорот, порача претседателката на партијата „Глас за Македонија, Солза Грчева. Таа  на својот Фејсбук профил ја коментираше  големата кампања на грчката влада за промоција на брендот „Македонија“. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот