ФОНД ОД 31 МИЛИОН ДЕНАРИ: Наградната со фискални сметки ќе важи само за тие кои скенираат
Објавено во: Економија 09 Октомври, 2019
Награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво ќе се доделуваат во рамки на новата наградна игра која денес ја најавија од министерството за финансии.
На 25 ноември ќе стартува „МојДДВ Моја Награда“ а сите награди се парични за кои фондот е 31 милион денари.
Сепак дел од оваа наградна игра ќе бидат само оние кои скенираат фискални сметки.
Првата финансиерка во државата Нина Ангеловска вели дека со оваа наградна игра се унапредува мерката која воочливо дала резултати.
-Мрката мој ДДВ која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија . Одиме чекор повеќе и покрај наградувањето Наградната игра има и едукативни елементи кои ќе влијаат на финансиската писменост-истакна Ангеловска.
Месечно граѓаните скенираат 7,5 милиони сметки а активни се 150 илјади граѓани кои бараат фискални за да бидат дел од „Мој ДДВ“.
Првата исплата ќе биде направена во декември.