29 Март, 2024
0.1080

Фондација отворено општество - Македонија одбележува 25 години посветеност на градењето отворено општество во Македонија

Објавено во: Мои пари 30 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Со низа регионални и меѓународни настани на теми од општествено значење, организација на изложба и со промоција на документарен филм и монографија, Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) ќе ја одбележи 25-годишнината од своето постоење во Македонија. Преку настаните организирани во рамките на овој значаен јубилеј „25 години ФООМ“, граѓаните ќе можат поблиску да се запознаат со работата и со значењето на Фондацијата за Македонија во текот на изминатите години.

Одбележувањето на 25-годишнината на ФООМ ќе започне во четврток (3 мај) со промоција на документарен филм за Фондацијата и мултимедијална изложба, со кои ќе се претстави нејзината работа и постигнувањата во изминатиот период. Во текот на месец мај ќе се организираат повеќе конференции на кои учесници од Македонија и од странство ќе дискутираат за значајни теми, како што се влезот на Македонија во ЕУ, правното зајакнување, здравјето на Ромите, слободата и интернетот, младите и отвореното општество, образовните реформи, моќта на уметноста и културата за социјалните промени, како и за иднината и перспективите на отвореното општество во Македонија. Најголем дел од настаните се организирани во соработка со другите граѓански организации кои се, воедно, долгогодишни партнери на ФООМ, како Евротинк, Коалиција Маргини, Фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум. Дел од одбележувањето на јубилејот ќе биде и изложбата за креативен активизам, организирана во соработка со Центарот за современи уметности. 

Фондацијата отворено општество - Македонија во изминатите 25 години активно ги зајакнува демократските капацитети и на граѓаните и на институциите, транспарентно и посветено работи во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Македонија и токму поради тоа и јубилејот ќе го одбележи на тој начин – со отворање актуелни прашања за да се иницира дијалог и да се споделат различни мислења, од кои ќе произлезат насоките за натамошното дејствување во насока на создавање праведно, демократско, динамично и толерантно општество.

Во рамките на одбележувањето на овој значаен јубилеј, ФООМ подготви и медиумска кампања преку која под мотото „25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество“, јавноста ќе може да се запознае со вредностите за кои се залага Фондацијата, како и со придобивките од работата на Фондацијата во развојот на граѓанското општество, образованието и младите, здравството, како и културата и уметноста во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV