ФОРБС ОДЛУЧИ: Титулата највлијателен човек оди во раце на ...
Објавено во: Свет 09 Мај, 2018
Кинескиот претседател Си Џинпинг ја предводи листата на магазинот Форбс на највлијателните луѓе во светот. Има вкупно 75 луѓе кои го презентираат текот на светските настани.
За првпат Џинпинг е во првите редови, а причината за ова е што тој значително го прошири своето влијание и авторитет од последниот партиски конгрес во неговата земја.
Втор е неговиот руски колега, Владимир Путин. Оваа година тој е реизбран по четврти пат, освојувајќи 77 отсто од гласовите.
Трет е американскиот претседател Доналд Трамп. За него, сепак, Форбс забележува дека има "ограничен успех" во Конгресот, и дека околу неговиот личен живот постојат голем број скандали.
По него е канцеларката на Германија Ангела Меркел, а петото место му припадна на најбогатиот човек во светот - извршен директор на Амазон, Џеф Безос.
Папата Френсис е рангиран на шесто место, проследен од основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Листата Топ 10 највлијателни луѓе ја надополнуваат саудискиот принц Мохамед бин Салман, индискиот премиер Нарендра Моди и коосновачот на Гугл Лари Пејџ.