Добивај вести на Viber
Вториот најголем производител на автомобили во САД, „Форд“, оствари нето профит од 1,2 милијарди долари, 18,6 % повисок од истиот период лани. Заработката по акција од 45 центи ги надмина очекувањата на аналитичарите од Вол Стрит кои предвидуваа заработка од 37 центи.
Cилниот раст на профитот, благодарение на растот на приходите, особено е забележан во САД и Кина.
Од компанијата наведуваат дека во Северна Америка и на азиско-пацифичкиот регион направиле рекордна добивка пред оданочување. Приходите на компанијата се зголемиле за 14 % на 38,1 милијарди долари.
Во регионот Азија-Пацифик постигнат е рекорден профит пред оданочување од 177 милиони долари. Пазарниот удел на „Форд“ во Кина се зголеми за 1,5 %.