18 Јануари, 2020
0.0168

Формирање на регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу Македонија и Бугарија

Објавено во: Економија 11 Декември, 2019

На одржаниот Економски форум одржан во Скопје на 17.01.2019 год, Македонско Бугарската Стопанска Комора и Бугарско Македонската Трговско Индустриска Палата им врачија на Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бела Книга – Акциски План за разбирање и соработка при формирање на поволна бизнис клима за економска, технолошка и техничка соработка помеѓу двете држави.

Перспективата на земјите од Балканскиот регион е формирање на регионален пазар, транспорт и енергетска поврзаност, воведување на иновации, дигитализација и привлекување на инвестиции за заеднички регионални проекти кои ја задржуваат миграцијата на нивните граѓани.
Македонската и бугарската бизнис заедници ги повикуваат Владите но обете држави да ги забрзаат проектите за поврзување и интегрирање на економиите, подобрување на нивната конкурентност и подобрување на животниот стандард.

Владата на Република Северна Македонија спроведува политика на интеграција во Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC) и Стратегијата на Европската Енергетска Унија, преку политика на прекугранична соработка и кохезија на Балканскиот регион, во согласност со барањата на Третиот енергетски пакет – Директива 2009/73/EО за општи правила за внатрешниот пазар на природен гас, Регулатива (ЕО) бр.715/2009 за условите на пристап до мрежи на природен гас и Регулатива (ЕУ) 2017/1938 за гарантирање на безбедноста на испораките.

Бизнис заедниците од двете балкански земји ја поддржуваат изградбата на втора меѓусебна врска со гас помеѓу бугарскиот систем за пренос на гас и македонскиот систем за пренос на гас Петрич – Струмица, што ќе придонесе
за: Интеграција на националниот систем за пренос на гас на Република Северна Македонија во Центар за гас Балкан, проект од „заеднички интерес“ во смисла на Регулатива (ЕУ) бр. 347/2013, во согласност со потребите на регионот, идентификуван од Групата на високо ниво за гасна интерконекција во рамките на Централната и Југоисточна Европа Иницијатива за енергетско поврзување (CESEC) и Стратегијата на
Европската Енергетска Унија.
Вклучување на системот за пренос на гас на Република Северна Македонија во третиот список на проекти од заеднички интерес (POI 6.25.4) објавен од Европската Комисија на 23.11.2017 година, приоритетен коридор: Интерконекции Север-Југ во Централна и Источна Европа (NSI East Gas).
Поврзување на пазарите на природен гас на Република Северна Македонија со извори на природен гас од Јужниот гасен коридор (преку ТАП и ТАНАП), руски природен гас, локално производство од Бугарија и Романија, природен гас од постојните и терминалите за течен природен гас во изградба во Грција и Турција,
кои ќе обезбедат снабдување со природен гас од САД, Катар, Алжир, Египет и други.
Создавање услови за трговско учество на потрошувачите на природен гас од Република Северна Македонија во ликвидната берзанска трговијата на Центар за гас Балкан.
Обезбедување на поврзаност на националниот систем за пренос на гас на Република Северна Македонија со бугарскиот транзитен систем за пренос на гас и со Подземните резервоари за гас Чирен.
Обезбедување на примена на Регулатива (ЕУ)2017/1938 за гарантирање на безбедност во снабдувањето и работењето на Стандард N-1.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА: Од 1 јануари го зголемија минималецот

ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА: Од 1 јануари го зголемија минималецот

ВЛАСТА СЕ ПОФАЛИ: Се вработиле скоро 60.000 луѓе

ВЛАСТА СЕ ПОФАЛИ: Се вработиле скоро 60.000 луѓе

ПРОФИТИРАА ОД КРИЗАТА ВО ИРАН: Од златото заработија 20 милиони долари

ПРОФИТИРАА ОД КРИЗАТА ВО ИРАН: Од златото заработија 20 милиони долари

Бизнисот бара долгорочна програма, Заев на средба кај Азески

Бизнисот бара долгорочна програма, Заев на средба кај Азески

ПОМАЛКУ ПЛАСТИКА: Швајцарски гигант вложува 1,8 милијарди евра во рециклажа

ПОМАЛКУ ПЛАСТИКА: Швајцарски гигант вложува 1,8 милијарди евра во рециклажа

Мобилната лабораторија за испитување на квалитет на горивата и натаму вон употреба

Мобилната лабораторија за испитување на квалитет на горивата и натаму вон употреба

УТРИНСКИ ФОКУС: Петоците да се работи до 13ч предлага ДУИ-изводливо или не?

УТРИНСКИ ФОКУС: Петоците да се работи до 13ч предлага ДУИ-изводливо или не?

Мила Царовска: Ниту еден синдикат не ми се пожали за исплатата на зголемената минимална плата

Мила Царовска: Ниту еден синдикат не ми се пожали за исплатата на зголемената минимална плата

ВОЈНОВИЌ: Триглав Осигурување нуди доброволно осигурување од малигни заболувања

ВОЈНОВИЌ: Триглав Осигурување нуди доброволно осигурување од малигни заболувања