28 Март, 2024
0.0257

(ФОТО) 10 места кои туристите ги обожаваат, но може да бидат „збришани“ од земјата

Објавено во: Стил 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Туристи од целиот свет ги посетуваат овие места, но тие полека исчезнуваат. 

Кинескиот ѕид кој е едно од седумте светски чуда, полека се уништува, а 30% од ѕидот го снемало заради ерозија. Во 2014 година Владата ограничи ако сакаат да напишат нешто посетителите тоа да го направат на еден дел од ѕидот, а не на целиот ѕид. 

Таџ Махал во Индија се соочува со промена на бојата на ѕидовите. 

Стоунхенџ во Велика Британија едно од најпознатите места во светот трпи штети од многу туристи затоа што многу од нив оштетиле делови, скршиле и ги понеле со себе како сувенир, или подоцна ги продаваат на интернет. 

Сикстинската капела во Ватикан иако не треба да се фотографира внатре, сепак луѓето не се придржуваат до оваа препорака и бојата веќе е оштетена. 

Макчу Пикчу во Перу има зголеме број на туристи, поради што местото е загадено. 

Партенон во Грција исто е место каде се случува да се крадат камења,  и доколку некој посетител биде фатен како краде му се заканува апсење. 

Секоја година Венеција во Италија има над 30 милиони гости, поради што еко системот на каналите е загаден, а поткопани се и темелите на градот. 

Пештерата Алтамира во Шпанија во 2002 година беше затворена за јавност, а подоцна е одлучено да се примаат по пет луѓе неделно и тоа во посебна облека. 

Гробницата на Тутанкамон ја посетуваат по илјада луѓе годишно, поради што има штети. 

Ангкор Ват во Камбоџа е храм кој во 2013 година го посетиле 2 милиони туристи, а секоја година има раст на посети за 20%, поради што ќе се воведе безбедносен систем. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи