(ФОТО) Аца Лукас пееше на масовниот митинг на Вучиќ
Објавено во: Балкан 19 Април, 2019
Со настапот на турбо-фолкерот Аца Лукас попладнево започна масовниот митингот “Иднината на Србија”, со која што, според српската опозиција, претседателот Александар Вучиќ сака да покаже сила пред нив. Од Српската напредна партија очекуваат околу 100 000 луѓе, а во моментов граѓани масовно со автобуси пристигнуваат од сите краишта во Белград.
Митингот се одржува на плоштадот на Никола Пашиќ пред Домот на Националното собрание, а почетокот на говоротите се планира од 18 часот при што треба да се обратат претседателот Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, претседателот на претседателството на БиХ Милорад Додик и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.
Пред почетокот на митингот насобраните покрај Лукас, ги забавува и Рибља Чорба.