ФОТО: Автомобил потона во Вардар, се вади од водата
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2020
Автомобил марка „поло“ паднал во реката Вардар во Скопје. Во моментов во тек е операција за вадење на возилото од водата.
Од полицијата потврдија дека денеска околу 8 часот случаен минувач пријавил дека во реката Вардар, поточно во близина на пешачкиот мост кај болница Систина забележал возило Поло.
Екипи веднаш излегле на терен и возилото се вади од реката.
Сепак нема детали како настанал инцидентот, ниту информации за повредени.
Фото Фактор