(ФОТО) Босанскиот „Робинзон Крусо“ се враќа во град
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2019
Жарко Хрњиќ (63), oд Зеница кој веќе девет години живее во пештера оддалечена неколку километри од градот, го најави враќањето во цивилизација.
Го нарекуваат босански „Робинзон Крусо“, а тој вели дека за две години ќе стекне услови за германска пензија, затоа што таму работел како чувар, но исто така и пензијата од БиХ, по што планира да купи стан.
Тој не крие дека нестрпливо го чека враќањето во живот каков што отсекогаш сакал и во исто време не жали за ниту еден час поминат во импровизираните пештери во каменоломот „Зенит“. Таму живее откако е депортиран од Германија.
Во зима не пали оган во пештерата, но никогаш не бил болен ниту отишол на лекар. Новата година ја поминал во пештерата со скара, а го посетуваат и неговите пријатели.