(ФОТО) БПЦ направи поворка со моштите на Кирил и Методиј низ Софија
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2022
Денеска Бугарската православна црква организираше поворка со моштите на светите браќа Кирил и Методиј низ Софија.
Моштите се превземени од Света Гора и прифатени во митрополитскиот храм Света Недела, каде ќе бидат изложени за народно богослужение до 25 мај.
Заради моштите на светителите, храмот ќе биде отворен деноноќно за посетителите.
Бугарска делегација редовно во посета на Рим се поклонува на дел од моштите на Св.Кирил во базиликата Сан Клементе.
Сепак, тие не се во саркофагот во криптата, каде што секоја година на 24 мај официјална бугарска делегација положува цвеќе, туку се заѕидани лево од влезот на црквата.