(ФОТО) Британскиот принц со полна агенда: Го пречека Шекеринска, се виде со Заев, на ред е Пендаровски
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2019
Принцот Едвард,
грофот од Весекс, денес ќе оди на средба со претседателот Пендаровски. Шефот на
државата ќе го пречека неговото височество во вилата Водно.
Британскиот принц пристигна во средата на аеродромот во Скопје и беше пречекан од вицепремиерката Радмила Шекеринска.
Премиерот Зоран Заев заедно со сопругата Зорица вчеравечер му посакаа добредојде на грофот од Весекс во Република Северна Македонија. По средбата Заев на својот инстаграм профил напиша дека кралската фамилија е секогаш добредојдена во нашата земја.
Инаку, британскиот принц Едвард денеска треба да присуствува и во Националаната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Обединетото кралство и Северна Македонија, во областа на образованието, животната средина и уметноста.
Фото: Фејсбук и Инстаграм