(ФОТО) Чиј споменик демолираа Албанците во Тирана?
Објавено во: Балкан 30 Август, 2019
Во Тирана е уништен споменикот поставен во чест на жртвите кои се спротивставија на обидот за пуч во Турција.
Споменикот е обиколен со решетки.
Топ Чанел објави дека инцидентот се случил утрово. Поставувањето на овој споменик во вештачкото езеро во Тирана беше проследено со многу реакции, на социјалните мрежи. Споменикот е посветен во чест на жртвите од обидот за пуч во Турција на 15 јули 2016 година против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Пучот не успеа, а Ердоган го обвини свештеникот Фетулах Ѓулен, дека тој стои зад обидот за негово соборување од власт.
фото Топ Чанел