29 Март, 2024
0.0247

(ФОТО) Дејли Меил ја „посрами“ Албанија со фотографии од приватна зоолошка градина

Објавено во: Балкан 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Албанската полиција ги спасила прегладнетите и заболените животни од приватната „Зоолошката градина од пеколот“ откако еден владин министер во земјата го прочита извештајот на Дејли Меил за нивната мака.

Шокантните фотографии снимени во Сафари парк зоолошката градина во Фиер, во југозападна Албанија, покажале прегладнет лав кој живеел во тесни услови и инфекција на очите.

Други животни, меѓу кои и зебра, ослабнат волк и неколку елени, биле забележани затворени во пусти бетонски кафези во зоолошкиот парк во приватна сопственост.

Денес, албанскиот министер за туризам и животна средина, Бленди Клоси, објави дека наредил животните да бидат спасени откако ја прочитал приказната на Дејли Меил, објави албанскиот Топ канал.

"Како одговор на веста објавена во" Дејли мејл "и десетици реакции на здруженија за неприфатлива ситуација во која некои животни живеат во приватна зоолошка градина во Фиер, јас итно наредив да се започне акција на Инспекторатот за животна средина, која во соработка со локалната полицијата и Здружението за заштита на животните одлучија да ги преместат животните со цел да ги заштитат“, објави министерот.

Сликите, наводно, биле направени од анонимни фотографо, решени да ги обелоденат условите во зоолошката градина до поширроката јавност.

Тие прикажуваат лавови и други животни кои живеат во пусти, валкани бетонски кафези опкружени со сопствен измет и без дури и најосновни услови како свежа вода и сенка.

"Животните страдаат од широк спектар на физички и психолошки проблеми предизвикани од мизерни услови, несоодветна ветеринарна заштита и недостаток на соодветна исхрана" рекол еден од фотографите.

Меѓународната организација за благосостојба на животните Четири шепи, која во последниве години е активна во Албанија, ја нарече ситуацијата во зоолошката градина "апсолутно неприфатлива".

"Условите во зоолошката градина" Сафари парк "дури и не се близу до тоа да бидат соодветни, особено за големите диви животни како лавови и мечки кои имаат многу специфични еколошки и диетални потреби", вели Јоана Данглер, која го предводи одделот за диви животни "Четири шепи".



Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?