(ФОТО) Денот на независноста на Албанија во Кичево
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2020
Фото: Вангел Тануровски
Денот на независноста на Албанија денеска беше одбележан и во Кичево со масовно поставување на албанското знаме на булеварот.
Пред 108 години Албанија ја прогласи независноста со подигнувањето на албанското знаме.
Масовна празнична организација, како што се случуваше во текот на другите години во Тетово и Скопје, овој пат немаше, поради пандемијата.
Празнична програма беше емитувана на платно на плоштадот Скендербег во главниот град, организирана од Ансамблот за песна и ора, но бројот на граѓани што присуствуваа беше симболичен.