19 Април, 2024
0.0404

(ФОТО) Димитров прв ја посети канцеларијата од 3 милиони евра што Македонија ја купи во НАТО

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави дека ја разгледал канцеларијата во седиштетот на НАТО во Брисел која Македонија ја купува за речиси 3 милиони евра.

За купување и адаптација на деловен простор во седиштето на Северноатлантската алијанса во Брисел за потребите на Мисијата на Македонија при НАТО предвидени се 2.872.255 евра за купување 996,37м2 (878,10м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација.

Димитров учествува на НАТО министерскиот состанок во пресрет на лидерскиот состанок на Алијансата во Лондон.

- Денот го искористивме за посета на идните простории на Постојаната мисија на Северна Македонија. Покрај средбата со новиот заменик генерален секретар на НАТО Мирчеа Џоана, остваривме и билатерални средби со колегите од Франција, Португалија, Луксембург, Грција, Бугарија, Словенија, Словачка, Чешка, Данска, Полска и Црна Гора, објави Димитров.

Инаку Мајк Помпео, државниот секретар на САД, во седиштето на НАТО во Брисел порача дека очекува Северна Македонија официјално да се приклучи на Алијансата, а нејзиното придружување би значело и поголема безбедност за граѓаните од неговата земја.

„Безбедност за нашите граѓани значи и прифаќање на Северна Македонија. Имав шанса да одам таму минатиот месец. Како 30. членка на НАТО, Сенатот на САД на 22 октомври го ратификуваше пристапниот Протокол за Северна Македонија и очекуваме таа официјално да и` се приклучи на нашата Алијанса“, изјави Помпео.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?