(ФОТО) Директорот на Универзална сала ја донираше платата
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2020
Директорот на Универзална сала, Филип Аврамчев, објави дека ја донирал својата плата во Солидарниот фонд за справување со Ковид-кризата и дека за себе задржал само сума еднаква на минималната плата во Македонија.
„Мојата донација за КОВИД фондот, согласно одлуката на Либерално-демократска партија да бидеме солидарни и да ја донираме разликата во платата до 14.500. На овој начин, колку-толку, директно се вклучуваме во помошта на малите бизниси погодени од Ковид-19, се со цел да им се помогне на работодавците во овие тешки времиња да ги задржат вработените“, објави Аврамчев.
Универзална сала петта година по ред не е отворена за публика и ја чека својата реконструкција, а во истата се вршат само подготовки на настани.