(ФОТО) Додека ние мрзнеме во Австралија уживаат на +40 степени
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2017
Во Сиднеј денеска температурите се +40 степени, а граѓаните се разладуваат на плажа.
Плажите се полни, а во Нов Јужен Велс во понеделник температурите ќе достигнат 47 степени.
Властите забранија да се пали оган за да не избие пожар.
На граѓаните им се препорачува да пијат повеќе течности.
Додека тие уживаат во топлото време, во Европа повеќе од 60 луѓе починаа поради премрзнување.