(ФОТО) Двајца мажи и жена бездомник загинаа во снежно невреме во Шпанија
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2020
Најмалку тројца загинати има во невремето во Шпанија.
Се работи за двајца мажи, еден во областа Астурија, а друг во областа Кастиња, а во Гандија, Валенсија, загина жена – бездомник.
Земјата ја зафати невреме со силен ветер и снег, објави весникот „Венте минутос”. Во Валенција дувал ветер со брзина од 115 километри на час.
Аеродромот „Аликанте”, денеска е затворен.
Утре во Шпанија се очекува слично време.
Жртви имаше и во септември 2019 година, кога Шпанија ја зафатија поплави какви немало еден век.