(ФОТО) Експлодираше автобус со туристи
Објавено во: Свет 19 Мај, 2019
Експлозија на туристички автобус се случи кај египетските пирамиди, при што има повредени.
Не се знае дали експлозијата била во автобусот или покрај него, но автобусот е оштетен, а има повредени туристи. Експлозијата се случила во близина на новиот музеј кој се гради крај пирамидите во Гиза.
Би-Би-Си јавува дека најмалку 16 лица се повредени, повеќето странски туристи.
Во декември имаше сличен инцидент, а загинаа тројца виетнамски туристи и египетски водич, и најмалку 10 луѓе беа повредени кога експлодираше бомба поставена покрај патот во близина на нивниот туристички автобус на помалку од четири километри од пирамидите во Гиза.