20 Април, 2024
0.0306

(ФОТО) Емотивна приказна за познатите актери од филмот “Исправи се Делфина“ кои по 20 години се сретнаа во Битола

Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Битола со огромни аплуази ја поздрави Неда Арнериќ и Феѓа Стојановиќ, двајца маестрални актери кои гостуваа во Битола, со претставата "Се извинуваме, многу се извинуваме". Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица по подолго време се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот. За оваа претстава актерскиот двоец добива бурни и долги ракоплескања од публиката ширум регионот.


– Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: “Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво, изјави Неда.

Публиката која дојде да ја гледа Неда Арнериќ присуствуваше не само на една театарска претстава, туку и на еден емотивен чин кој предизвика солзи во очите и долги аплаузи. По иницијатива на директорката Маја Андоновска-Илијевски, иницијатива која таа ја чуваше во тајност до крај на претставата, во публиката го донесе актерот Диме Илиев кој со Неда Арнериќ пред точно 43 години играше во филмот “Исправи се Делфина”, а последна средба помеѓу двата актери се случила пред добри 20 години.


Тој излезе на сцената на крај на претставата да и подари цвеќе, емотивна средба која публиката ќе памети секогаш. Во салата имаше и прекрасна публика, полна сала што е невообичаено за во недела навечер и за еден продолжен викенд, што само зборува дека Битола знае да почитува убави настани.

Во доцните вечерни часови, двајцата актери во придружба на своите домаќини посакаа да го прошетаат и Широк сокак, а потоа во Белата куќа, вкусија македонски специјалитети посебно подготвени за гостите.


Фотограф: Диоген Хаџи-Коста Милевски


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга