(ФОТО) Ердоган кум на венчавката на познат светски фудбалер
Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2019
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше кум на венчавката на поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Арсенал Месут Озил и Амина Ѓулше, објави агенцијата Анадолија.
Свадбата, на која присуствуваше сопругата на турскиот претседател, се одржа во петокот во хотел во Бешикташ.
Ердоган им посака среќа на младенците, објави агенцијата, додавајќи дека на свадбата имало голем број познати личности од светот на спортот.