(ФОТО) Еве како изгледа денес Венеција
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2019
Нова плима има во Венеција, а штетата е над милијарда евра.
Водостојот на реката Арно се следи и во Фиренца и Пиза.
Венеција денеска се соочува со нова висока плима од 160 сантиметри. Повторно е затворен плоштадот Свети Марко. Локалните власти најавија дека следува уште еден тежок ден, но не толку драматичен како во вторникот кога градот ја претрпе најлошата поплава во последните 50 години.
фото ЕПА