(ФОТО) Еве како изгледа Халкидики по големото невреме
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2019
Објавени се првите фотографии направени по апокалипсата која се случи на Халкидики во Грција.
Седум луѓе, од кои шест туристи, загинаа во невремето што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики. По невремето 120 луѓе побарале лекарска помош.
Властите советуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и додека да не нормализира снабдувањето со струја.
Загинаа Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се урнал покрив во таверна во местото Неа Плагија. Меѓу загинатите се и двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. Денеска било пронајдено уште едно тело, кое засега не е идентификувано.
фото ЕПА