(ФОТО) Eвропа го доби првиот подводен ресторан
Објавено во: Свет 21 Март, 2019
Eвропа го доби првиот подводен ресторан и тој е отворен во Европа.
Сместен во Линдеснес, југозападно од Осло, ресторанот „Under“, што на норвешки значи чудо, наликува на голема бетонска цевка која навлегува во Северен Атлантски Океан. Дизајниран е од славното архитектонско студио „Снехета“, кое работеше на Оперската куќа во Осло и на меморијалот за 11 септември во Њујорк.
Повеќе од 7.000 резервации однапред има првиот подводен ресторан, а првите гости се очекуваат во април.
Ресторанот е дизајниран така да има минимални рефлексии на стаклото, кое преку ден ја полни собата со природна светлина.
Влезот во ресторанот потсетува на сауна, со дрвени штици на горниот дел, а потоа осум метри долгите скали го носат гостинот во голема просторија со огромен прозорец кон морето, кадешто може да се сместат 40 гости.
Полн оброк, базиран на локални состојки и морска храна, може да чини до 3.700 круни (430 долари), вклучувајќи ги и пијалоците.
Подводни ресторани досега имаше на Малдиви во Индиски Океан.
фото Ројтерс