(ФОТО) ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Деца учат во зграда разрушена при воени дејствија
Објавено во: Свет 23 Септември, 2019
Фотографија од деца кои учат во разрушена зграда го обиколи светот.
Неверојатната глетка од разорениот од војна Јемен, ја забележал фотограф на агенцијата АФП во Таез.
Децата во оштетениот објект внимателно го следат професорот кој им предава.
Училиштето е уништено во воздушните напади на силите на просаудиската влада и бунтовничките Хути.
Фотографијата најверојатно е направена на 3. септември, првиот училиштен ден во Јемен.