26 Април, 2024
0.0262

Фото галерија: Дубровник за Нова година

Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Дубровник е една од најпосакуваните летни дестинации во светската туристичка понуда. Особено му порасна популарноста по снимањето на сцени од епската серија „Игра на троновите“. Градот република, синоним за самобитност векови наназад, пандан на Млетската република, сојузник на Османлиската империја и на Австроунгарија, трговска престолнина на Јадранот, уникатен град со своја управа кој стотици години не се покорил на ниту еден голем европски владетел, а со секој од нив направил пакт давајќи му „понуда што не се одбива“.

Дубровник - уникатна светска културна престолнина на само 500 километри од Скопје. Град со сопствен жив дух, град што ќе ве фасцинира и освои на прва. Шеталиштето „Страдун“ со неговиот уникатен шарм, терасата на „Буза бар“ со поглед од милион долари на гребенот на источната ѕидина, аквариумот, пешачката тура по тврдината, возењето со жичницата. Греано вино, домашно пиво и колбаси, слатките „фритуле“ и задолжителната „орада“. 

Богата музичка разновидна програма во деновите до и на новогодишната ноќ и црешата на шлагот - концертот на дубровничкиот синфониски оркестар на 1 јануари кој ги собира на „Страдун“ дубровчани да танцуваат и си пожелуваат среќа и здравје во новата година.

Чист свеж морски воздух, топлина, море и сонце. Град што ќе ве освои со својата убавина и ќе ви ја раскаже својата приказна... 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци