(ФОТО) Ѓорчев во Беровско на маскенбал стар 500 години
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2019
Во Беровското село Ратево денеска се одржува традиција која е стара 500 години. Токму таму е пратеникот Владимир Ѓорчев кој на социјалните мрежи објави низа фотографии од маскенбалот.
„Длабоки се нашите корени. Убаво е да се биде дел од вакви настани и пријатни луѓе кои топло те пречекуваат“ - вели Ѓорчев во видеото во кое ги честита празниците.
Обичај е секој на влезот од селото да добие црн белег на лицето, пишува уште пратеникот.
Што се крие зад денешната посета на пратеникот во ова беровско село денеска не е познато.