22 Септември, 2020
0.0462

(ФОТО) Го однесе надојдена река затоа што сакаше да помогне: Петнаесетина роднини и пријатели трет ден трагаат по исчезнатиот Спасе

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Роднини и пријатели трет ден по ред интензивно го пребаруваат пределот околу Белештевска Река во Повардарието и трагаат по Спасе Димовски, за кого веќе полицијата информираше дека исчезнал при надојдена вода откако се одзвал на повикот да им помогне на екипа на ЕВН.

Исчезнатиот велешанец во велешкото село Белештевица поседувал фарма со 60-тина крави и 40-тина телиња. Сакал да направи добро дело и 51-годишникот се одзвал на повикот на екипата на ЕВН да им помогне и да ги одглави со својот трактор при невремето. Откако ги извлекол, неговиот трактор останал заглавен, па заедно со говедарот кој го најмил да се грижи за неговата фарма влегле во возилото на ЕВН со двајцата вработени од компанијата. Во моментов пределот го пребаруваат 15-мина роднини, сватови и другари на Спасе.

- Кај селото С'лп, пред да стасаат им се испречила надојдената река и теренското возило на ЕВН заглавило. Според она што го знаме, тука имало тешка борба со природата. Спасе успеал да излезе од возилото, како и останатите, но него го однела водата. Останатите од возилото не биле во можност тоа да го видат, а има само еден очевидец од селото кој потврди дека видел како реката го носи кон утоката на Вардар, вели Мартин Трајков, кој му е внук од сестра на исчезнатиот.

Трагачите засега најблагодарни им се на кајакарите од локалните спортски клубови кои го пребаруваат вливот кај Вардар. Бараат од полицијата да биде поревносна во потрагата, а исто така бараат и помош од ЕВН, затоа што, како што велат тие, Спасе не ги оставил нивните вработени во судбоносните моменти.

- Не можеме да се потпреме на помошта од локалните жители, затоа што овие села што се тука се речиси испразнети и живеат само старци во неколку куќи. Во моментов ја пребаруваме и Белештевска Река, која е широка само два метри и плитка е 20-тина сантиметри. Според кажувањата на локалните жители, знае некои години и целосно да пресуши, но кога има невреме, знае и да биде мошне опасна. Ние пребаравме се што можеше да се пребара, но не се откажуваме, тврди Тодор Јанев, зет за сестра на Спасе.

Според полицискиот билтен, возилото на ЕВН било однесено кон реката Вардар. Кај местото викано „Лавчани“, Спасе претходно се обидел со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект.  При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото е пронајдено, додека по исчезнатиот сопственик на краварска фарма сѐ уште се трага.  

A.K.




Можеби ќе ве интересира

Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата

Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата

Љупчо Палевски кажа кој наредил да го претепаат

Љупчо Палевски кажа кој наредил да го претепаат

Ќе се прави постмортен тест за украдениот пациент од Струмица

Ќе се прави постмортен тест за украдениот пациент од Струмица

Одбиен е предлогот на Мицкоски за вонреден конгрес

Одбиен е предлогот на Мицкоски за вонреден конгрес

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

Еве како изгледа пешачката зона покрај Вардар денес

Еве како изгледа пешачката зона покрај Вардар денес

ЦРН БИЛАНС: Досега 700 граѓани починаа од коронавирусот

ЦРН БИЛАНС: Досега 700 граѓани починаа од коронавирусот