(ФОТО) Градоначалникот на Ѓорче Петров се вози бесплатно во автобус
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2019
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, денеска на својот профил на Фејсбук објави дека го користел јавниот автобуски превоз во рамките на препораките против енормното загадување во Скопје.
- Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби - напиша Наумоски на Фејсбук.
Користењето на автобусите од јавниот сообраќаен превоз е бесплатно од вчера попладне како мерка на Град Скопје.