(ФОТО) ГРАДОТ Е ХОРОР: Зеленски објави фотографии од уништениот Лиман
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2022
Уништен е украинскиот град Лиман. Ова го покажуваат фотографиите кои ги објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Сè што е потребно за живот овде е уништено. Тоа го прават насекаде на териториите што ги окупираат. Тоа може да се запре само на еден начин: со ослободување на Украина. Ни треба живот, хуманоста, правото и вистината, што е можно поскоро“, објави Зеленски.
Русија прогласи анексија на четири украински региони, а утредента украинската војска го ослободи градот Лиман.
Жителите раскажаа што се случувало во градот и како руската војска си заминала.фото Твитер