(ФОТО) ХАОС НА ДЕВЕ БАИР: Се чека повеќе од еден час за влез во Македонија
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2020
Повеќе од еден час се чека за влез во Македонија од Бугарија на граничниот премин Деве Баир.
Застој има на граница, со што практично границите се споени. Има долга колона од возила,. Македонските државјани кои се на граница велат дека на бугарската страна се поминува брзо, но застој има на македонска страна. Причина е тоа што паднал системот. Повеќе од 40 минути ниту едно возило не може ниту да влезе, ниту да излезе од граничниот премин Деве Баир.
фото Фактор