(ФОТО) ХРВАТИ ЗАВЕАНИ: Се молиме да останеме живи
Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2019
Се молиме да останеме живи и да си заминеме од ова австриско место, велат хрватски туристи кои се завеани.
Досега во Австрија и Германија загинаа 13 луѓе.
Во Австрија веќе паднаа количини снег кои се над просекот за јануари.
На некои места снег има до 10 метри. Се очекува да наврнат уште триметри снег. Затоа во четири дена по втор пат се прогласува црвен метео аларм.
„Има потешкотии во сообраќајот, патот е често затворен, а на патот во вторникот падна дрво, така што веднаш излегоа полицијата и пожарникарите и не можеше да се оди никаде. Дури најавија дека ќе снемува струја на недела ден. Луѓето се во страв, на никој не му е сеедно. Ние утре планираме да тргнеме за Хрватска. Сообраќајните знаци се под снег“, вели Хрват кој е во Тирол за 24сата
Ракажува дека цели десет дена без престан паѓа снег.
Друга девојка Марија Милетиќ вели дека нејзината мајка таму работи 20 години и претходно немало такво невреме.
фото 24сата