(ФОТО) И УЈП го промени името, по Народна банка
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2019
Управата за јавни приходи го промени името на својата информативна веб-страница согласно стапувањето во сила на Преспанскиот договор.
Претходно, на 15 февруари Народната банка го промени името во НБРСМ. Засега единствено само Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов не го промени називот според новото уставно име.
Министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата мора да го променат називот.