Добивај вести на Viber
Илјадници навивачи на Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ и Трабзонспор вечерва се обединија и заедно се приклучија на антивладиниот протест на плоштадот Таксим. Вечерва во срцето на Истанбул се собраа повеќе од 100 илјади луѓе, јавуваат новинските агенции.
Атмосферата зоврива со турски знамиња, факли и извици против премиерот Ердоган.
Протетстите во Турција почнаа поради владиниот план да го пренамени паркот Гези и на негово место да изгради трговски центар, џамија, и да обнови две касарни од периодот на Отоманската империја.
http://www.youtube.com/watch?v=991jkCVfnFc