20 Април, 2024
0.0272

(ФОТО) КОЈА Е ФЕДЕРИКА МОГЕРИНИ: Шефица за која велат дека е слаба на Москва а му дава поддршка на Заев

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Федерика Могерини моментално е висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Таа е голем поддржувач на Македонија за членство во Европската унија и досега неколку пати доаѓаше во Скопје.

Таа е италијанска политичарка родена во Рим, Италија на 16 јуни 1973 година.

Во 2014-та, на самитот на земјите на Европската унија во Брисел, избрана е на функцијата висока претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика.


Оваа функција според Лисабонскиот договор е споена со функцијата потпретседателка на Европската комисија. Пред оваа фунцкија таа ја извршувала должноста министер за надворешни работи во владата на премиерот Матео Ренци.

По образование е дипломиран политиколг. Била стипендистка на Маршаловиот фонд а е омажена за Матео Ребезани и е мајка на две деца.

Противниците и замерувале дека е „премногу попустлива на политиката“ кон Москва, посебно и ја потенцираа изјавата дека гасоводот Јужен тек ќе биде изграден. Таа, според наведувањата на италијански меидуми, на тврдењата дека е „руски човек“ во ЕУ одговарала со насмевка, дека станува збор за „манипулација“ против Италија.


Сепак, она што е важно за Македонија е дека Могерини и дава силна поддршка на Владата на премерот Заев кога се работи за членството на земјава во унијата.

За време на вчерашното нејзино доаѓање во Скопје, уште еднаш ја сподели нејзината силна лична поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија, и со тоа ги потврди сите напори нашата земја да го оствари тоа.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра