(ФОТО) Комунална хигиена го чистеше студентскиот дом „Гоце Делчев“
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2019
„Комунална хигиена“-Скопје го собираше сметот од дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ на барање на Стефан Богоев, градоначалникот на општина Карпош.
Во расчистувањето на големото количество градежен отпад од дворот на студентскиот дом беа ангажирани десет работници на „ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека од механизацијата се користат втоварувач, кипер и специјално комунално возило-патарка.