(ФОТО) КРВАВ ДЕН ВО ГЕРМАНСКИ ГРАД: Маж застрела шест луѓе
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2020
Шест убиени луѓе има во пукање во Германија, а повеќе се повредени денеска напладне во градот Рот ам Зе.
Напаѓачот е уапсен, а се верува дека од лични причини го сторил убиството. Весникот Билд објави дека шестмината загинати се членови на едно семејство, но за тоа засега нема официјална потврда. Весникот пишува дека се работи за маж роден во 1983 година.
Aкција има во местото каде живеат 5.200 жители.
Во изминативе неколку години во земјава имаше убиства, напади, кои ги извршија мигранти на јавни места.
Последен пат пукање имаше пред четири месеци во Хале, кога десничар сакаше да влезе во синагога, при што уби две, и рани уште две лица.