(ФОТО) ЛУЃЕТО ГИ НАПУШТИЈА ДОМОВИТЕ: По земјотресот, можно е да има цунами
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2019
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, по што е издадено предупредување за цунами.
Потресот е со јачина од 7,1 степен. Земјотресот е регистриран на длабочина од 45 километри, а со епицентар 138 километри северозападно од островот Тернате, соопшти Американскиот геолошки институт.
Локалните медиуми пишуваат дека луѓето во паника ги напуштиле своите домови.
Властите соопштија дека регионот најверојатно нема да биде погоден од цунами, но во случај на толку силен земјотрес тоа е вообичаена пракса.
Индонезија често се соочува со силни земјотреси.
Во септември годинава имаше силен земјотрес кој уби најмалку 20 луѓе.
И во јули имаше земјотрес од 7.3 степени.