(ФОТО) МРАК СРЕДЕ ДЕН: Во песочна бура во Анкара повредени шест луѓе
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2020
Среде бел ден падна мрак во Анкара.
Песочна бура ги зафати областите Отатли и Хајман во главниот град на Турција, Анкара, во која шест луѓе се полесно повредени.
Песочната бура ги погоди областите околу 15 часот по локално време, а претходно е издадено предупредување за силен дожд и невреме.
Ветерот уништи неколку покриви на куќи и згради, откорна дрвја, а граѓаните во паника бараа засолниште, пренесуваат турските медиуми.Имаше прекин на електричната енергија во центарот на градот, а пожарникарите им помагаа на оние што беа заглавени во лифтови.
Песочна бура е метеоролошки феномен карактеристичен за сувите и полусуви подрачја. Се појавува кога силен ветер ќе понесе песок и прашина од суви површини.