(ФОТО) Најуспешниот македонски автомобилист нагази низ улиците на Скопје на полициски час
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2020
Фото: Вангел Тануровски
Најуспешниот македонски автомобилист во историјата, Игор Стефановски, денес попладне возеше низ празните улици на Скопје за време на полицискиот час, во чест на сите оние кои неуморно се борат со вирусот ковид-19.
Двојниот европски шампион возеше по веќе одредена рута (Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош) давајќи им сигнал на сите жители на овие општини да излезат на своите тераси и прозорци во тој период и да дадат заедничка поддршка на медицински лица, полицијата и армијата.
Популарниот Иџе парадираше со својот тркачки автомобил на точно определена маршрута, почнувајќи од населбата Лисиче, завршувајќи во Карпош. Стартуваше од скопската населба Аеродром, а продолжи кај Собранието и Триумфалната капија во Центар, покрај Соборна црква по „Партизанска“, покрај „Сити мол“ сè до кружниот тек со кој завршува населба Влае.