ФОТО: Несекојдневно искуство на Заев и Шекеринска на носачот на авиони Хари Труман
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019
Како несекојдневно искуство, многу значајно за да се види како функционира комплексниот систем за одржување на безбедноста во НАТО алијансата се доживава посетата на еден од десетте носачи на авиони од класата Nimitz на кој вчера слетаа премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери. На Хари Труман кој е еден од најголемите носачи на авиони заминаа утрото од Меѓународниот аеродром во Скопје од каде биле земени со специјален авион. Слетувањето на Хари Труман било посебно затоа што и да е прерано или задоцнето слетувањето може да е олшо. Се слетува од првиот до четвртиот гајтан - на првиот е прерано, веќе на четвртиот е доцна.
Хари С. Труман е долг 333 метри, а има носивост од 100.000 тони. Работи на нуклеарен погон, а развива максимална брзина од 30 наутички јазли (56 км/ч), и максимална сила од 260,000 коњски сили. Бидејќи се на нуклеарен погон, можат да бидат активни на море над 20 години пред да имаат потреба од нова енергија, а работниот век им е над 50 години. На овој носач 20 авиони постојано слетуваат и полетуваат, еден авион е постојано во воздух за информации, друг за безбедност.
Нашата делегација беше на Хари Труман, со посебен повод – членството на Макеоднија во НАТО, што само и официјално треба да се случи по ратификацијата на протоколот од Шпанија, но и од нашиот Парламент. Заев Шеќеринска, Џафери, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз се сретна таму и со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили во Неапол. На Хари Тrуман работи и Никола Станковски кој има македонско потекло.
Хари Труман со неговата импресивност е сведок на најсилниот систем на колективна безбедност што обединува речиси 1 милијарда граѓани од демократскиот свет.
„Стануваме членка на НАТО во еден исклучителен геостратегиски момент, особено важен момент за зоната на влијанија на Југоисточна Европа, во Црноморскиот басен, и во Средоземното море од кое се контролираат три континенти. Но, поддршката на нашите стратешки партнери, особено на САД и на другите членки на НАТО алијансата, создаде услови поканата за членство воопшто да не биде доведена во прашање. Ние сме дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот. Северна Македонија е фактор за стабилност во регионот, гарант на безбедност. НАТО е најсилната гаранција за нашата стабилност, сигурност, неменливост на граници и за зачувување на територијалниот интегритет. А, безбедноста и сигурноста се основата на секоја економија – основата за странски инвестиции, за повисоки плати, за добри работни места, за просперитет“, потенцираше премиерот Заев, и додаде дека гаранцијата за нашата безбедност и стабилност треба да биде поттик сите фактори во земјата да се заложат за спроведување на реформите, за демократија, за владеење на правото и за почитување на човековите права и слободи како вредности што ги делат земјите членки на НАТО.
Заменичката на претседателот во владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, во својата изјава за јавноста рече дека присуството на нашата делегација на едниот носач на авиони Труман, којшто е дел од НАТО флотата на Медитеранот, покажува што ова ќе значи за нашата држава.
„И тој носач на авиони Труман, е дел веќе од нашата одбрана. И тие авиони на носачот, и овие денеска во базата, се дел од нашата одбрана. Сите тие, повеќе од 5000 војници на носачот на авиони, се дел од нашата одбрана, исто како што нашите капацитети, се дел од НАТО системот. За ова се боревме, за ова работевме и за ова нашата држава вложи многу“, нагласи министерката Шекеринска, потенцирајќи што значи да се биде дел од најголемиот и најмоќниот воено политички сојуз.
Оваа генерација носачи се најголемите воени бродови што ги имаат САД, и кога пловат се придружени од неколку други бродови (Carrier Strike Group). Nimitz носачите на авиони се екипирани со високо развиена технолошка опрема и наоружување (за дефанзивна и офанзивна употреба), и екипаж од 6.250 воени лица, вклучително и пилотите, има капацитет да смести 90 летала (авиони и хеликоптери), и писта со големина од 1.8 ha.
Тоа е првиот носач на авиони во светот на кој имаат слетано и полетано воени беспилотни летала (воени дронови) во 2012. Пуштен е во употреба во 1998 година, и има добиено 17 награди.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменичката на претседателот во владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на носачот „Хари С. Труман“ беа заедно со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, и министерот за одбрана во бугарската влада Красимир Каракачанов.
A.T.