(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Со багери се расчистува градот кој падна
Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2020
Невреме ноќеска го погоди грчкиот град Драма, што предизвика големи проблеми во сообраќајот.
Покрај силниот дожд, паѓаше и град. Багерите мораа да го расчистат градот затоа што имаше 30 до 40 сантиметри мраз.
Градоначалникот на Драма, Христодул Мамсакос симболично кажа дека „небото се отворило“.
„Се прашувавме дали она што го гледавме со очи е реално. Никогаш не сме виделе толку град, не можевме да веруваме во тоа. Само за еден час сите патишта беа поплавени, а во исто време кога врнеше дожд, дојде град кој уништи сè”, изјави Мамсакос.
Поплавени се бројни продавници и станови, а оштетени се и бројни патишта, објави Greekreporter.com
Противпожарната бригада добила околу 60 повици за испумпање вода од голем број станбени и трговски згради, а пет лица се спасени од автомобилите погодени од поројот.
На 26 мај имаше невреме во Грција, при што жена почина од удар на гром.