(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ: Поплави во Црна Гора и блокирани патишта
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2018
Невреме го зафати регионот.
Обилните врнежи од дождови во Црна Гора поплавија повеќе градови, и го блокираа сообраќајот.
Во градот Херцег Нови се излиле повеќе одводни канали, а водата навлегла во домовите и во деловните објекти.
Причинета е голема материјална штета во повеќе црногорски градови, има одрони на патиштата, а на неколку делници сообраќајот е во прекин.
Стариот град Котор е целиот под вода, а поради интензитетот на дождовите комуналните служби не можат да преземат ништо.
По полноќ наврнале 86 литри на метар квадратен.На многу патишта од невремето има паднати дрвја. Службите се на терен и работат за остранување на дрвјата.
Во текот на денот граѓаните беа повикани да останат дома.
фото Вјести.ме