20 Април, 2024
0.0243

(ФОТО) Ова е најубавата граница на светот

Објавено во: Стил 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Високо во планините на Јужна Америка, се наоѓа граница која од двете страни изобилува со интересни атракции во Колумбија и Еквадор и тоа е најубавата граница на светот. 

Граничните премини не претставуваат намерна туристичка атракција. Обично тоа се изолирани, пусти места каде што луѓето запираат само за вршење на попатни проверки на автомибилот и слични потреби и продолжуваат понатаму, пишува Њузвик.

На колумбиската страна, на неколку километри од границата, постои храм Las Lahas, кој доминира и е изграден во ниска, длабока клисура .

Црквата со готски стил е изградена помеѓу 1916 и 1949 година и се наоѓа на 100 метри од дното на клисурата каде монументалнен мост ја поврзува со другата страна, а под него тече реката Gaitara.

Се верува дека на местото на сегашната црква во 18-от век се случило чудо – додека мајка шетала со немата ќерка и се јавила Пресвета Богородица, по што девојката прозборела. Поради ова веќе во 1802 година на тоа место е изграден храм, на чије место денеска се наоѓа црквата.

Од другата страна на границата, исто така, на неколку километри, во градот Tulkan, во Еквадор, кој е највисокиот град во земјата, се наоѓа еден од ретките дворови кој е исполент топијари во различни форми. Ова всушност се гробишта украсени со зелена површина обликувани во различни форми.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган