(ФОТО) ПАЃАШЕ ГРАД: Побелеа градовите
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2018
Силно невреме ја погоди денеска Србија, а градот кој паѓаше направи штети на дел од патиштата.
Најкритично е во Нови Варош каде во 15 часот и 30 минути паѓал град со големина на лешник.
За десет минути местото побелело од градот кој паѓал. Штети има и на посевите, а попрецизно ќе се знае колкави штети има откако ќе поминат комисии на терен.
Лошото време во Србија ќе потрае до четврток.