(ФОТО) Папата го објави официјалното лого од посетата на Македонија и ни испрати порака
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2018
Папата Франциск со официјално лого ја потврди неговата посета на Македонија на 7 мај и со извадок од Библијата ни порача „Не се плаши повеќе, мало мое стадо“, објави Ватикан њуз. Пораката е од Евангелието на Лука.
Во позадината е знамето и географската целина на Македонија, а на дното е препознатливото сино-бело сари на Мајка Тереза, мисионерката родена во Скопје.